Името на Васко Саздовски е дел од листата, меѓутоа за разлика од останите чии идентитети се објавени со годината на раѓање, кај неговото име и презиме тој податок изостанува
Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина денеска во несреќата во Нови Сад кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.
Српските медиуми вечерва ја објавија листата на осумтемина идентификувани лица чии тела беа извлечени од под уранатините.
Името на Васко Саздовски е дел од листата, меѓутоа за разлика од останите чии идентитети се објавени со годината на раѓање, кај неговото име и презиме тој податок изостанува.
Претходно и Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, објави дека се идентификувани седум од загинатите. Таму покрај иницијалите на две женски лица А. Р. (2004) и А. Ќ. S. (1989), беа наведени и пет машки лица H. S. (1997), M. M. (2003), Ш. Ѓ. (1947), Р. В. (1955) и С. В. Меѓутоа и тука ја немаше годината на раѓање на лицето С.В.
Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:
- Васко Саздовски од Македонија (возраста и местото на живеење засега се непознати)
- Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
- Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
- Стефан Хрка (27) од Белград
- Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
- Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
- Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
За загинатиот македонски државјанин денеска во вонредно обраќање пред јавноста информираше српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според информациите до кои дојде „360 степени“, српските власти веќе ги имаат информирано своите колеги од Северна Македонија за кое лице станува збор, како и за неговата возраст.
Во денешната несреќа во Нови Сад, покар македонскиот државјанин загинаа уште 13 лица, а меѓу нив , како што кажа српскиот министер за внарешни работи Ивица Дачиќ е и едно шестгодишно дете.
Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта на граѓаните кои настрадаа по уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад.
Од кабинетот на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, има информација дека на територијата на градот е прогласена тридневна жалост, почнувајќи од утре.
Сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад вечерва упатија македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта на граѓаните кои настрадаа по уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад.
Од кабинетот на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, има информација дека на територијата на градот е прогласена тридневна жалост, почнувајќи од утре.