Бројот е составен од: 4 прилози проза, 9 прилози поезија инспирирана од творештвото на Ацо Шопов, своевремено главен уредник на „Современост“, 9 прилози интерпретации од кои 5 по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, 5 преведени прилози и 7 рецензии поместени во рубриката Вреднувања.
Бројот е отворен со прозни прилози од Стефан Марковски, Станка Бајлозова – Барламова, Љубинка Донева и Нове Младеновски.
Во рубриката Поезија се застапени тематски песни инспирирани од творештвото на Ацо Шопов од: Ристо Маџунков, Лидија Размоска – Тримовска, Зоран Пејковски, Тања Кузманоска, Снежана Паноска, Александар Михајловиќ, Емилија Карафилоска, Рате Савев и Владо Поповски.
Рубриката Интерпретации е дводелна и вклучува блок прилози по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов од: Јасмина Шопова, Мишо Китаноски, Љубинка Донева, Васил Дрвошанов и Гордана Каракашевска, како и други прилози од: Верица Мукоска, Љубинка Донева, Елена Станкоска и Славчо Ковилоски.
Рубриката со преведени статии вклучува поетски творби преведени од англиски на македонски јазик од: Матиа Тарантино, Татев Чакијан, Рита Дав, Трејси К. Смит, Лангстон Хјуз.
Крајот е отстапен за рубриката Вреднувања отворена со критички осврт од Кристина Николовска, потоа следуваат прилози од Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јадранка Клисарова, Викторија Митрикеска, Трајче Кацаров и Александра Јуруковска.
Илустрациите во последниот број за 2023 год. се преземени од уметничката галерија на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982), со уметнички портрети на поетот, реализирани од страна на македонски уметници, меѓу кои Лазар Личеноски, Димитар Кондовски, Васил Василев, Боро Митриќески и Василије Поповиќ – Цицо.