Доколку сте вистински љубител на природата, притоа не воодушевувајќи се на денешните човекови вредности како луксузот, раскошот и парите, ова мало катче е вистинскиот избор за вас.
Ултраминималистичкиот дом е сместен во внатрешноста на една навидум обична, лошо обликувана карпа, лоцирана во Коста де Морте, Шпанија, а за нејзиниот дизајн се погрижи тимот на Ensamble Estudio во соработка со Рикардо Санз и Хавиер Куеста.
Недостатокот на луксуз и комфорни додатоци е заменет со неповторлив поглед кон Атланскиот Океан кој постојано краде воздишки.