Обама се огласи за „белите“ Оскари

obama

Кога почна фамава околу „Белите Оскари“, многумина мислеа дека кучињата ќе се излаат, а карванот ќе проврви, како што беше ред. Ама, не само што дискусијата околу „контроверзните“ Оскари продолжи, туку достигна и нови рамништа. Досега, повеќето од мислењата доаѓаа од луѓе што се дел од Холивуд и филмската индустрија. Сега, се огласи и Претседателот на претседателите, Обама лично.

Иако Обама политички вешто избегна директно да ги искритикува номинациите, тој индиректно потврди дека проблемот со Оскарите постои и дека е сличен на дел од останатите проблеми што го мачат американското општество, проблеми што мораат да бидат адресирани.

„Сметам дека кога сечија приказна е раскажана, тогаш добиваме подобра уметност. Тоа придонесува за подобра забава. Ги прави сите да се чувствуваат како дел од американското семејство. Па мислам, генерално, дека филмската индустрија треба да го прави она што секоја друга индустрија треба да го прави, а тоа е да трага по таленти и да создава можности за сите. Оваа контроверза е само израз на еден поширок проблем кој гласи: Дали сме сигурни дека секој добива подеднаква шанса?“, изјави Обама за Entertainment Weekly.

Коментарот на претседателот е во согласност со ставовите на оние кои наводно увидоа дека постои недостаток од можности за актерите од малцинските етнички групи да добијат некои од врвните улоги кои водат кон номинации за награди. Наводно, членовите на Академијата ги превидуваат нивните изведби, од не баш јасни причини. Американската филмска академија, притисната од сите страни, најави дека ќе воведе измени во нивното членство, со цел да се постигне поразнолика гласачка база.

Контроверзата е поткрепена со силни реакции од двете страни. Дел од истакнатите филм-мејкери најавија дека нема да присуствуваат на овогодинешната церемонија. Меѓу нив се Вил Смит и Џада Пинкет Смит (неговата сопруга), како и дежурниот оправач на „црни проблеми“ и таму каде што ги нема – Спајк Ли (дечкото се има жалено дека немало црнци во филмовите на Клинт Иствуд; Иствуд му има вратено со: „Спајк Ли нека си ја затне муцката“). Членовите на Академијата, пак, се побунија против навредите и обвинувањата што имплицираат дека се расисти, едноставно истакнувајќи дека конкуренцијата е екстремно голема и дека е нормално многу заслужни изведувачи да бидат изоставени, од сите раси и народности.

Прочитајте и:  Анџелина Џоли и нејзиниот билошки син, Нокс првпат заедно на црвениот тепих
Црната вистина на „белите Оскари“
Црната вистина на „белите Оскари“

За човек да се увери дека сé ова се глупости, доволно е да изгугла „Black Oscars“ и да отвори во „слики“. Од друга страна, дури и да се членовите на филмската Академија расисти, тие тоа би го криеле како „змијата нозете“. Америка е земја каде што сé се вади од контекст и можеш да јадеш тужба ако случајно кивнеш кон некој, а истиот фати настинка, а не па ако отворено дозволиш да се манифестира твојот расизам на една светска манифестација како што се Оскарите. Ако членовите на филмската Академија беа расисти, поверојатно е дека ќе номинираа воглавно црнци, само и само за да ја прикријат својата омраза. Друг аргумент? Домаќин и водител на Оскарите ќе биде Крис Рок – црнецот што во половина од своите стенд-ап настапи се шегува на сметка не белците. Се разбира, тој нема да пропушти можност да ја искоментира ситуацијата, особено за време на шоуто, ама барем нема да биде сериозен.

Утешно е што сите овие реакции најверојатно нема да ги променат веќе избраните номинации, што не значи дека во иднина нема да гледаме номинирани на кои не им е таму местото, само затоа што се црнци. Но во меѓувреме, Обама и другите „кучиња“ треба „да си ги затнат муцките“.

- Реклама -