Oбама да дејствува претпазливо, за да не стане од лошо полошо

Дел од критичарите велат дека недостатокот на одговор на Обама во однос на кампањата на Путин го прави Обама да изгледа “слаб”.

4454893
Анализа објавена во Ројтерс

Други тврдат дека довербата во Америка е утврдена во Сирија и дека САД треба да го обноват договорот со Русија.

Поранешниот советник за национална безбедност Збигњев Бжежински дури тврди дека бидејќи руските сили во Сирија биле “географски ранливи”, тие можат да бидат “разоружани”, без да објасни како е тоа можно. Факт е, секоја ескалација би била опасна по дефиниција и од сомнителна корист за САД. Како за почеток никој од критичарите на Обама не објаснува како активностите на Путин во Сирија ја загрозуваат “довербата” во Америка или нејзината положба во однос на Русија. Да ризикуваш доверба, во овој случај значи дека ако САД не се спротивстават на својот  противник на едно место, тогаш тие ќе бидат во искушение да ги стават под закана виталните американски интереси на друго место. Тоа беше логиката зад Виетнамската војна, во која трошоците на САД како крв и богатство беа насочени да ги смират своите сојузници во НАТО. Оваа логика беше во заблуда и тогаш, на истиот начин како и сега. Путин не е закана за американските сојузници како Израел или земјите од Персискиот залив, ниту пак изгледа подготвен да ризикува сериозна воена конфронтација со американските сојузници од НАТО.

Всушност, САД веќе ги објавија плановите за распоредување на стотици тенкови во балтичките земји, а генералниот секретар на Пактот едноставно изјави дека “применуваме најголемо зајакнување на нашата колективна одбрана по крајот на Студената војна” и дека “НАТО е на место, НАТО е подготвен. “

obama-putin-syria

Во прилог на оние кои се залагаат за силен успех на кампањата на Путин во Сирија, забораваат еден клучен факт: дури и ако Обама е за ескалација во Сирија, тој ќе се соочи со избор меѓу политики кои се движат од лоши кон полоши. На пример сенаторот Џон Мекејн го повика Обама да им достави на сириските бунтовници проектили земја-воздух, способни да соборат руски авиони. Тој не го зема во предвид фактот дека нивните “умерени” бунтовници често соработуваат со сириската Филијалата на Ал Каеда. Со ракетите земја-воздух можат да бидат погодени и патнички авиони – што ја прави идејата на Мекејн рецепт за катастрофа.

Додека Обама го напаѓа режимот на Асад, Путин најверојатно ќе ја зголеми руската поддршка за сепаратистите, со што ситуацијата ќе стане полоша. Друга можност за Обама е да го преиспита прашањето за вооружувањето на Киев со млаз милијарди долари американска воена опрема. Тешко е да се предвиди како тоа би ја убедило Русија да се скроти во Сирија и оваа идеја исто ја игнорира можноста како би реагирал Путин.

Што е поентата од предизвикување на сериозно влошување на ситуацијата во Украина, откако така нема да биде одлучено ништо во Сирија? И конечно, самиот поим “разоружување” на руските воени можности во Сирија преку воени средства лежи некаде во спектарот помеѓу лудило и самоубиство. Русија речиси сигурно ќе одговори со удари по американските или НАТО воени сили – најверојатно во Источна Европа – па освен ако Обама одеднаш не решил да започне Трета светска војна, Путим може да ја игнорира оваа идеја. Ништо од горенаведеното не значи дека САД треба да ја игнонираат воената кампања на Путин во Сирија, но тоа потврдува дека Обама е во право да реагира претпазливо.

132399_600

Сепак, претседателот може да преземе некои чекори, но тие да не се само од типот да ја задоволат вашингтонската легија за ескалација.

Прво, Белата куќа не треба да дејствува сеедно како небото да се урива секој пат кога Путин прави нешто што САД не го одобруваат. Освен што го поддржува долгогодишниот сојузник на Русија, Башар Асад, сириската кампања на Путин исто му овозможува да продолжи да и се спротивставува на Америка.

Најдобар начин да се одговори на ова не е хистерично, туку спокојно. Впрочем, овој тип однос совршено се вклопува со ликот на Обама на “мирен играч”, а всушност за време на неодамнешната прес-конференција на претседателот, тој истакна дека Путин заминал во Сирија “од слабост, а не поради сила.”  Второ, Обама треба да гарантира дека Пентагон ја продолжува политиката на намалување на ризикот од конфликт при руско-американските воздушни операции во Сирија. Еден случаен судир меѓу американските и руските делови може не само да предизвика непредвидливи воени последици, туку исто така би му дозволило на Путин да ја подигне за неколку степени температурата на реториката – што би одговарало токму на неговата желба да добие  поддршка на агресивното противење на САД.

И конечно Обама треба да ги интензивира напорите да најде решение кое ќе го прекине масакрот во Сирија. Една од најкорисните идеи е да ја дуплира стратегијата 5 +1 која работеше толку добро во преговорите со Иран. Оваа стратегија ќе бара да бидат земени во предвид интересите на сите засегнати страни во Сирија, вклучително и на Иранците. Ќе се наметне Обама да престане да го става како предуслов за успешни преговори повлекувањето на Асад, но тоа е цената која вреди да се плати ако биде суспендиран масакрот. Сирија речиси сигурно никогаш нема да се врати кон својот статус на унитарна држава со силна централизирана контрола над целата територија, но сите земји ќе делат заеднички страв од „Исламската држава“ и тоа треба да послужи како заедничка појдовна точка за сириските преговори од формата 5 + 1.

Сирискиот конфликт не нуди идеален излез за САД, но ако дејствува претпазливо, Обама може да спречи опасен воен судир со Русија и, исто така, да се избегне претворањето на лошата состојба во уште полоша.

Коментарот на Џош Коен е објавен од агенцијата Ројтерс.

- Реклама -