Ким Кардашиан очигледно не се задоволува со фактот што во медиумскиот свет е максимално експонирана, па сега сака својата „доминација“ да ја прошири и во дигиталното царство, па создаде сопствена видео игра, која најверојатно ќе ги ужасни сериозните „гејмери“.
Старлетата на својот Инстаграм профил објавила анимирана фотографија од себе, зад која стои натписот „Ким Кардашиан Холивуд“. Сопругата на Канје Вест под оваа слика коментирала: „Погледнете малку во мојот нов проект! Многу сум возбудена околу ова!“
Се чини дека во играта ќе имате можност да живеете како самата Ким и да имате дел од нејзиниот гламурозен живот со многу шопинг, бирање комбинација на облека, излегување со момчиња, a сигурно оваа видео игра ќе биде достапна за јавноста, како на „гејмерите“, така и на оние кои видео игрите не им се јака страна.
Видео играта, најверојатно наскоро ќе биде достапна и во вид на апликација за паметните телефони, за да може во секое време да се игра.