О, да! Храна која ги согорува калориите

Одредени намирници имаат силен термогенетички ефект, кој помага при согорувањето на калориите.

Цели зрна

Храната богата со влакна како што е овесот или оризот, дупло побрзо ги согоруваат калориите отколку преработените намирници.

Бело месо

Со јадењето на бело месо ќе согорите само 30% од калориите кои намирниците ги содржат во текот на варењето. На пример, од пилешко месо кое содржи 300 калории, 90 се трошат во текот на варењето.

Млечни производи со ниска масленост

Богати со калциум и со витамин Д, придонесуваат со зацврстувањето на мускулната маса и се добри за зајакнување на метаболизмот.

Зелен чај

Пиењето на четири шолји зелен чај на ден ќе ви помогне да се ослободите од повеќе од три килограми за осум седмици.

Леќа

Една шолја леќа содржи 35 проценти од потребниот дневен внес на железо. Недостатокот на железо прави метабилозмот да се успори, бидејќи телото не го добива она што му е потребно за да работи ефикасно.

Лути пиперки

Капсицин, состојката кои им дава шмек на лутите пиперки, го загрева вашето тело, што дополнително согорува калории. Истиот ефект се постигнува кога се јадат свежи, варени, сушени или во прав. Додавајте ги ваквите зачини во секојдневната исхрана.

- Реклама -