Новото Тоблероне е инспирирано од Македонија

Тукушто ми светна: Масакрот на Тоблероне-то е одлична аналогија за тоа што ни се случува во Македонија во последниве неколку века (така се чинат) со економијата (фала ви политичари!). Кратката историја на македонското Тоблероне отприлика оди вака:

Toblerone-New-Size[1]Некогаш имало многу повеќе чоколадо. Имало доволно за сите, и кога се делело, сите добивале еднакви делови. И самото чоколадо било така направено, да не можеш да го скршиш нерамномерно.

… Ама благодарение на некои алчни серковци што за себе кршеле по две коцки, денес чоколадо има многу помалку.

toblerone retko

Од македонското Тоблероне јадат само самоизбраните, а за жал тие не се расположени да поделат и со другите. Не дека не можевме сите до еден да к’снеме, ама нашите се погрижија така добро да го проретчат што веќе не е ни можно да го искршиш на еднакви делови (црвената линија ја означува статистички најчестата точка на кршење).

new-toblerone

И во таква ситуација, неминовно е некој да добие и од рамното, а друг да остане само со „пирамидата“.

Сакам да бидам оптимист. О, колку само сакам да бидам оптимист. Ама мојата прогноза за Македонија во иднина, како и на секој мој смртен врсник, сепак изгледа вака:

toblerone idnina

- Реклама -