Новото копче “See it” ви дозволува да гледате и снимате ТВ серии преку Twitter

Comcast вчера официјално го претстави своето партнерство со NBCUniversal и Twitter, со кое на корисниците ќе им биде овозможено да ги гледаат своите омилени ТВ серии на живо, преку паметен телефон или таблет, само со кликање на копчето ”See it” кое ќе виде вградено во одредени твитови.

Оваа опција засега ќе биде достапна само за корисниците на Xfinity TV, која ќе ја пушти во употреба од ноември оваа година, емитувајќи ги познатите ТВ серии во продукција на NBCUniversal преку Twitter.

Меѓу познатите сериски филмови кои ќе бидат емитувани со помош на оваа нова опција се:

The Voice (NBC)
The Blacklist (NBC)
Chicago Fire (NBC)
The Michael J. Fox Show (NBC)
Sunday Night Football (NBC)
Access Hollywood
NHL
Premier League Soccer
Sochi Olympics (NBC and NBCSN)
Today Show (NBC)
Psych (USA)
Suits (USA)

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -