Новото име стапува на сила, на сајтот на Владата веќе стои Република Северна Македонија (фото)

Уставните измени со кои Собранието го изгласа новото име на државата вечерва ќе бидат објавени во Службен весник, потврдува директорот Мартин Костовски за „Нова ТВ“.

Денеска на платото пред Владата развеано беше знамето на НАТО, а во текот на денот разменета е и финалната дипломатска нота, соопшти министерот за надворешни Никола Димитров. Со тоа и официјално новото име на државата стапува во сила.

Официјалниот сајт на Владата веќе е апдејтиран. Таму веќе стои „Влада на Република Северна Македонија“.

„Тукушто ја разменивме и финалната вербална нота: Преспанскиот договор стапува на сила! Нека денес е почетокот на долго пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка“, порача Димитров на Твитер.

Следниот чекор е македонското МНР да го извести Секретаријатот, набљудувачите на Обединетите Нации, и другите меѓународни организации за настанатата промена.

 

- Реклама -