Француските и германските научници решија да го анализираат плачењето на новородените бебиња во 2 различни земји, за да ги забележат разликите во интонацијата.
Француските и германските научници решија да го анализираат плачењето на новородените бебиња во 2 различни земји, за да ги забележат разликите во интонацијата.
Според истражувачите, германските бебиња имаат поинаков „акцент“ при плачење споредени со оние од Франција, што укажува на тоа дека учењето на јазикот можеби започнува веќе во матката.
Анализите биле извршени под водство на психологот Кетлин Вермке и покажале дека новороденчињата имаат тенденција да продуцираат интонација која е типична за нивниот јазик. Плачењето на германците најчесто започнувало со гласно плачење следено со крива на опаѓање, додека француските новороденчиња поретко плачеле со повисок тон.
Во истражувањето се вели дека имитацијата на мелодичните шеми се развивала милиони години и дека тоа допринесува за врската помеѓу мајката и детето. [Newborns cry differently depending on their mother tongue]