Родилките во Калифорнија, денес, на католичкиот Божиќ, добија најубави новогодишни поклони. Своите бебиња ги добија замотани во големи црвени божиќни чорапи. Оваа слика и не е така ретка – во неколку од калифорниските болници, ваквиот настан се случува веќе со години.
Сето ова е дел од стара божиќна традиција што датира од 1930-тата година. Традиционално, чорапите ги плетат доброволци, а оваа година учестуваа 16 луѓе. За само еден ден, тие сошија 250 новогодишни чорапи.