Новопоставените табли на „хеленските“ споменици не ја преживејаа ноќта (ФОТО и ВИДЕО)

Фото: Вечер

Вчера поставените табли пред седум споменици на мостот „Око“, кои „појаснуваат“ дека се работи за личности од „античката хеленска историја и цивилизација“, не издржаа ниту една вечер. Непознати сторители, во текот на ноќта, ги исшкртале и прекриле со спреј.

Истата судбина ја снашло и таблата на споменикот на Филип II на плоштадот „Магнолија“ во Битола, која исто така беше поставена вчера, пренесува „Битола њуз“.

На социјалните мрежи, пак, се појави и видео од „акцијата“ на кое е документиран моментот кога сторителите ги шкртаат таблите со спреј.

Во меѓувреме, според „Вечер“, останува мистерија и кој ги поставил таблите, бидејќи и Град Скопје и Министерството за култура велат дека тие не ги поставиле.

Прочитајте и:  Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува
- Реклама -