Вчера поставените табли пред седум споменици на мостот „Око“, кои „појаснуваат“ дека се работи за личности од „античката хеленска историја и цивилизација“, не издржаа ниту една вечер. Непознати сторители, во текот на ноќта, ги исшкртале и прекриле со спреј.
Истата судбина ја снашло и таблата на споменикот на Филип II на плоштадот „Магнолија“ во Битола, која исто така беше поставена вчера, пренесува „Битола њуз“.
На социјалните мрежи, пак, се појави и видео од „акцијата“ на кое е документиран моментот кога сторителите ги шкртаат таблите со спреј.
Во меѓувреме, според „Вечер“, останува мистерија и кој ги поставил таблите, бидејќи и Град Скопје и Министерството за култура велат дека тие не ги поставиле.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Опалим те голим (@Zaevistan) October 6, 2020