Новооткриени кратери на месечината ги збунија научниците

Новооткриените кратери на Месечината сугерираат дека астероидите кои се судирале во Месечината во минатото се сосема различни од оние кои во моментов го сочинуваат астероидниот појас, посочуваат научниците.

Howling_at_the_Moon_in_Mississauga
Истражувачите веруваат дека Земјата, Месечината и другите небесни тела во внатрешната на Сончев систем биле напаѓани од астероиди и комети за време на ерата на масовно астероидно бомбардирање пред околу 4.1 и 3.8 милијарди години. Множеството гигантски заоблени кратери, познати како Месечеви базени кои ја бележат површината на природниот сателит се сведоци на овие турбулентни времиња.

Иако голем дел од Месечевите базени се видливи со голо око, точниот број, големина и потекло се уште е нејасен. Месечевите базени се истражуваат тешко, бидејќи деталите често се прикриени од деструктивните ефекти на подоцнежни судири и вулкански ерупции.

За да дознаат повеќе за кратерите, научниците користеле податоци собрани од пар вселенски летала на Националната вселенска агенција на САД (NASA) кои орбитрирале околу Месечината. Врз основа на минималните промени во растојанието помеѓу сондите предизвикани од гравитационото привлекување на карпести купови, биле проучувани структурата и составот на Месечината во невидени детали.

Анализирајќи ги податоците од вселенските сонди, тимот откри кратери, досега непознати за науката. Откритието ја потврдува претпоставката дека астероидите кои ја бомбардирале Земјата во антиката се различни од вселенските карпи кои ги гледаме денес во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

- Реклама -