Новогодишното ласерско шоу во Дубаи постави нов рекорд (видео)

Во 2018-тата (наречена „Година на Зајед“, според основачот на ОАЕ – Зајед бин Султан Ал Нахјану) Дубаи влезе со нов рекорд. Овојпат го заработи со ласерското шоу приредено на највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа.

Со овој спектакл, кој на новогодишната вечер ги замени огнометите (од кои Дубаи се откажа поради безбедносни причини), Дубаи го сруши претходниот рекорд на Хонгконг.

Ласерското шоу на Хонгконг покриваше површина од 46.641,52 метри квадратни. Ова во Дубаи, проектирано на 828-метарската Бурџ Калифа, покри површина од 109.252 метри квадратни. Уште еден доказ дека огномет е демоде.

 

 

- Реклама -