Секоја земја има свои новогодишни обичаи: Шпанците на пример, на полноќ јадат грозје и тоа по 12 зрнца за да бидат среќни сите 12 месеци во годината, Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка, која за Нова година носи среќа – првото парче од лебот е за малиот Исус, второто е за таткото на куќата, а третото за куќата, ако паричката се најде во третото парче, таа година пролетта ќе пристигне рано, а семејството може да се надева на среќа цела година.
Секоја земја има свои новогодишни обичаи: Шпанците на пример, на полноќ јадат грозје и тоа по 12 зрнца за да бидат среќни сите 12 месеци во годината, Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка, која за Нова година носи среќа – првото парче од лебот е за малиот Исус, второто е за таткото на куќата, а третото за куќата, ако паричката се најде во третото парче, таа година пролетта ќе пристигне рано, а семејството може да се надева на среќа цела година.
На Германците им е незамисливо Нова година да помине без огномети. Тие секоја година на огнометите трошат 100 милиони евра. Традицијата на новогодишната вечер да се направи врева потекнува од средниот век кога луѓето ѕвечкајќи оделе по улиците за да ги избркаат злите духови. Подоцнa на ред дошле барабаните, црквените ѕвона и сите други инструменти.
Новогодишната трпеза е исто така симболична. Супа од леќа или свинско се симбол на благосостојба. Риба значи добра иднина бидејќи секогаш плива напред. Оној кој за Нова година спростира алишта, самиот си е виновен ако во новата година ќе мора многу да работи. На нова година во Кина сите врати се украсени со нешто црвено, бидејќи црвената боја е симбол на среќа и веселба. Иако сите семејства се подготвуваат за славење на новогодишната ноќ, од домовите се отстрануваат сите ножеви во текот на 24 часа, за никој да не се повреди бидејќи таа незгода би значела дека таа личност ја „пресекла“ односно ја попречила среќата во семејството во новата година.
Австријците на Нова година подготвуваат свечен ручек кој вклучува печено месо, како симбол на среќата и благосотојбата. А за десерт – сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Тоа се главните услови за осигурување на среќата во новата година за тој народ.
На Нова година, Британците се плашат од тоа кој прв ќе им дојде на гости, бидејќи, според старите верувања, тоа покажува колку ќе имаат среќа во новата година. Ако на гости прво ви пристигне машко друштво со подароци, вие сте вистински среќник. Но не се надевајте многу ако прво ве посети женска личност. Традиционалните подароци се јаглен за оган, леб за трпезата и пијалок за господарот на куќата.
Добро е куќата или станот да имаат две врати, бидејќи за среќа гостинот треба да влезе на предната, а да излезе на задната врата. Ако доаѓаат повеќе гости, никако не смее прв да влезе гостин кој не носи подарок. Кога ќе отчука точно 12 часот, треба да се отвори предната врата и така да и се посака добредојде на новата година и среќата која таа ја носи.
Стариот сицилијански обичај вели дека среќата во новата година ќе им дојде на оние кои на Нова година јадат лазањи, но несреќата следи за сите оние кои на тој ден јадат макарони или која било друга тестенина освен лазањи.
За Нова година, Норвежаните се почестуваат со пудинг од ориз, а во него сокриваат еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад, во кој се наоѓа само еден бадем. Се послужува во чинивчиња, а се верува дека личноста која ќе го пронајде бадемот, во следнат година ќе ја следи среќа и богатство.
Холаѓаните за Нова година јадат крофни бидејќи веруваат дека тие носат среќа во новата година.
Обичајот за подарување бакнеж на полноќ во Америка потекнува од маскенбалите кои биле вообичаени во текот на историјата. Според традицијата, маските ги симболизирале злите духови од старите времиња, а бакнежот претставува прочистување во новата година.
Хаичаните за Нова година секогаш облекуваат нова облека и разменуваат подароци, за да ја повикаат среќата, додека Јапонците во домовите ставаат гранки од елка за долг живот, стебла од бамбус за благосостојба и слики од расцветана цреша за благородност.
Во Бразил обичај е на новогодишната ноќ да се носи бела облека за среќа и мир во годината што следи. Луѓето што живеат покрај море, можат да посакаат желба и да одат на плажа, да прескокнат седум бранови и да фрлат во морето цвеќе, за желбата да им се исполни. Се верува дека тоа ќе им донесе среќа и благосостојба во целата нова година, бидејќи божицата на морето ги исполнува сите желби.
Во некои градови во Колумбија, семејствата симболично го слават заминувањето на старата и доаѓањето на новата година, забавувајќи се со кукла. Големата, машка кукла ја претставува старата година. Понекогаш во куклата се ставаат петарди и стари работи кои на семејството веќе не им се потребни. Тоа се нешта кои потсетуваат на тажни спомени и нешто што сакаме да го заборавиме. Палењето на тие нешта симболично значи дека се оставаат сите лоши нешта од старата година и се поздравува една нова, посреќна година.