Повеќе од половина вработени Германци, речиси 54 отсто, изјавиле дека редовно во различен износ добиваат „Божиќна плата“, пари пред Божиќ.
Германските медиуми ги пренесуваат резултатите од една онлајн анкета на синдикатот од Дизелдорф, според која што како и порано, постои разлика помеѓу источна и западна Германија.
Така, на западниот дел од земјата 57 отсто од вработените имаат „Божиќна плата“, а на исток 40 проценти.
Кога станува збор за претстојните божиќни празници, различни истражувања покажуваат дека Германците оваа година за божиќни подароци во просек трошат 266 евра по човек. Па според тоа се претпоставува дека и бонусите веројатно не се под 100 евра.