Од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на бензините и дизелот за половина денар, а на лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар.
Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.