НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот Онлајн потрошувачки кредит, создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку целосно дигитализиран процес со електронска идентификација OneID, да добијат одобрување за неколку минути и за кратко време да ги имаат средствата на својата сметка.

Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Во секое време, клиентите се на чекор до насмевка затоа што имаат можност да добијат ефикасно финансиско решение на брз и лесен начин:

  • Онлајн аплицирање преку мБанка со електронската идентификација OneID чекори
  • Инстант одобрување за неколку минути
  • Без трошоци за аплицирање и одобрување
  • Без   меница
  • Атрактивна каматна стапка, фиксна за првите 3 години
  • Флексибилен износ на кредитот до максимум 1.000.000 денари
  • Рок на отплата до 95 месеци

Комерцијална банка е секогаш посветена на поедноставување и модернизирање на финансиските производи и услуги.

„Воведувањето на Онлајн потрошувачкиот кредит е доказ на таа посветеност. Бидејќи животот на сите нас ни се движи брзо, тоа темпо го следат и нашите финансиски решенија. Нашиот нов производ е дизајниран да понуди брзо, сигурно и врвно искуство, давајќи им можност на клиентите да пристапат до средства кога им се најпотребни“, изјави Наташа Баљук Ристовска, директор на Дирекцијата за кредитирање на население.

Клиентите може да аплицираат за Онлајн потрошувачки кредит директно преку мобилната апликација мБанка. Аплицирањето е едноставен процес, кој бара само основни податоци за бараниот износ и посакуваниот рок на отплата. Кредитот е достапен за клиенти кои примаат плата или пензија преку сметка во Комерцијална банка и имаат електронска идентификација преку OneID.

Повеќе информации се достапни на следниот линк.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

- Реклама -