Трендот од изминатиов период продолжува и во новата година – корисници на социјалната платформа „ТикТок“ продолжуваат да се фалат со свои постапки кои можат да се сѐ друго, само не достојни за фалење. Згора на тоа, се и нелегални, па и полицијата, се чини, е приморана да биде еден од најредовните корисници на платформата.
Последно во низата е видео од новогодишната ноќ, на кое се гледа како двајца мажи, неколку секунди по полноќ, учат мало дете кое има не повеќе од 3-4 години, да пука со пиштол. Видеото е објавено од профил потпишан како Агрон Џафери (@agronxhaferi1), а веројатно е снимено во Тетово/тетовско. Како што посочува „Слободен печат“, тоа можело да се заклучи од останатите видеа на профилот (на кои се гледало и возило со тетовска регистрација), кои во меѓувреме се избришани.
Луѓево се од Тетово.
Ја би им одзел старателство одма.
ТОЛКУ.🤮🆘️🚨 pic.twitter.com/Fly9YnA7FY— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 2, 2021