Кристијан Лoбутин ја претстави новата колекција високи потпетици во пет нијанси, од беж до костенлива боја, за кои замислата е да се прилагодат на тенот на секој потрошувач. Порадите ваквиот колорит, штиклите ја издолжуваат женската силуета.
„Тие исчезнуваат волшебно така што се спојуваат со стапалата и на тој начин ја издолжуваат фигурата“, објаснил славниот дизајнер за ефектот на неговата нова колекција.
За полесно да би можеле да ја пронајдете нијансата која најмногу ќе ви одговара, куќата на Кристијан Лобутин за своите клиенти подготвила и посебна апликација, „Louboutin Shades App“ со чија помош се врши споредба на фотографија од стапалата со бојата на високите потпетици.