За презентација на најновите ароми за мажи за претстојната пролет се избрани мажи со посебен шарм и неодолива харизма.
Австралиецот Ерик Бана е амбасадор на најновиот машки парфем Bulgari Man Extreme од Bulgari. Во рекламното видео тој се шета низ Рим во придружба на животните – талисмани на популарниот бренд Bulgari.
Новиот перфем на Givenchy, Gentlemen Only го презентира итрото лице на Симон Бекер.
Kenzo Homme Sport Extrime е најновиот перфем на Kenzo кој го рекламира атлетски градениот французин Николас Казале.
Американскиот актер Гарет Хедлунд за првпат соработува со Yves Saint Laurent овој пат како заштитно лице на парфемот La Nuit de l’Homme.
Бестрашниот сурфер Дени Фули го претставува најновиот парфем на Chanel, Allure Homme Sport Eau Extreme.