Новиот тежок деутериум како бесконечен извор на енергија

Повеќе...

Замислете си коцка со димензии на страните од само 10 сантиметри, а тешка дури 130 тони како непресушен извор на енергија!

Научниците од Универзитетот Гетенбург во Шведска успеале да создадат супстанција која е погуста од јадрото на Сонцето и сто илјади пати потешка од водата, за која се надеваат дека во иднина би можела да стане чист и одржлив извор на енергија. 
Мерењата покажале дека растојанието помеѓу атомите на таа супстанција е значително помало отколку кај обична материја. Таквата супстанца, инаку нарелена ултрагуст деутериум, е создадена само во микроскопски количини, засега. Но, професорот на Одделението за хемија, Леиф Холмлид, верува дека е тоа само првиот чекор кон комерцијалната употреба на густиот деутериум. 

materija.jpg

Новата супстанца се добива од тежок водород или деутериум, по што е и наречана ултрагуст деутериум. Се верува дека токму тој игра важна улога во создавањето на ѕвездите и дека го има во гигантските планети од редот на Јупитер. Деутериумот е стабилен нерадиоактивен изотоп на водородот чие атомско јадро се состои од протони и неутрони. Изотопот е познат како тежок водород и се користи во конвенционалните нуклеарни реактори во облик на тешка вода, а најверојатно ќе се користи како гориво во фузиските реактори на иднината. 
– Би можел да се користи во ласерската нуклеарна фузија. Моќните ласери меѓу јадрата на деутерумот возможно е да предизвикаат нуклеарна фузија која ослободува огромна количина на енергија. Ласерската технологија претходно била тестирана на смрзнат деутериум и досега дала слаби резултати. Ултрагустиот деутериум е милион пати погуст од замрзнатиот па затоа во него е многу полесно да се создаде процесот на фузија. Доколку научниците успеат да создадат огромни количини од оваа супстанција тогаш би направиле и процесот на фузија да произведува само хелиум и водород кои се потполно безопасни, а на тој начин нема да мораат да работат со радиоактивниот трициум кој пак би се користел во други идни фузиски реактори. Тоа пак значи дека ласерската фузија која тие ја замислуваат ќе биде одржлива и помалку штетна за околината од методите кои моментално се развиваат. 

- Реклама -