Новиот спот на MIA со 36.000 кунг-фу деца

Кога почнува спотот на GENER8ION i M.I.A за најновиот проект, The New International Sound Pt. II имаме чувство дека гледаме некоја нова масовна тест-симулација за динамика на маса налик CGI ремек делото на Дејв Фотергил I’ve fallen, and I can’t get up!, но кога убаво ќе загледаме потполно одлепуваме. На спотот има 36 000 деца кои изведуваат мајсторска кунг-фу кореографија и совршените движења на телото ги изведуваат 100% човечки суштества.

Режисерот на спотот Вестмејер ги запознава децава уште во 2012 додка го снима филмот Drachenmädchen. Овој филм низ бомбастична снимка ја открива приказната за трите девојчиња меѓу 36 000 деца на Шаолин Таг академијата, најголемата кунг-фу школа во Кина. Секое утро во 6 часот младите љубители на боречките вештини го започнуваат денот во црвени тренерки, по строги правила, дисциплинирано учејќи ги брзите движења со цел еден ден да зачекорат во светот на боречката елита.

Филмот Drachenmädchen

- Реклама -