Новиот Меси доаѓа од Босна

Петгодишно дете од Тузла, е новото чудо во фудбалот. Кенан Врабац веќе бил во тренинг кампот на Штутгарт, и на натпреварот за деца од 7 до 11 година неговата екипа победила со 14:2. Кенан постигнал 12 гола. За да може да ги презентира својте фудбалски способности, таткото на Кенан излажал за неговите години. После натправарот, каде што сите присутни биле вчудоневидени од неговиот талент, Барселона била контактирана и покажала сериозен интерес да го донесе во својот камп.

Кенан е мајстор за слободни удари, шутира подеднакво добро и со двете нозе и има одличен дриблиг и контрола. Кординацијата на движењето на неговото тело е можеби тоа што најмногу фасцинира, зошто децата на неговата возраст сеуште ја развиваат. Истиот феномен е регистриран и кај Меси, Роналдињо…
[youtube]http://youtu.be/OrGXddUZ1GY[/youtube]

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -