Денешниот испад на премиерот ќе ни биде смешен уште неколку саати, се додека не сфатиме колку е сериозно тоа што го направи
Како припадник на етничка група која што долги години беше дискриминирана и навредувана, како човек што почувствувал дискриминација на своја кожа, како студент на кого професорот му се обраќал со шиптар, како фудбалер кој што беше единствениот шиптар во екипата, како новинар и човек кој што не трпи неправди, тотално сум разочаран од себе што не го повлеков микрофонот и не си отидов од денешниот настан, пишува на ФБ и Твитер новинарот на Клан, Фуркан Салиу.