„30 години независност“ може, ама „30 години Северна Македонија“ – не може!, реагира новинарот Боби Христов за логото за јубилејната годишнина од осамостојувањето на државата, кое денеска го презентираше Владата.
Иако Христов има замерка и за графичкиот пресек на знамето (Владата тврди дека не е претставено знамето), неговиот главен аргумент поради кој бара повлекување на логото е дека, како што вели, претставува „искривување на историјата“.
„Немам проблем со името, гласав на референдум. Но логото е искривување на историјата, лажна асоцијација“, објаснува Христов.
Истата замерка ја има и една од најреномираните историчарки на уметност – Соња Абаџиева. Покрај ликовниот аспект (кој не сака ниту да го коментира) и преполовеното „знаме“, во изјава за „САКАМДАКАЖАМ.мк“ таа логото го оценува како „голема дезинформација“ со „фатални грешки“.
„Знаат ли да сметаат, 30 години ли сме Северна?“, прашува таа (целата изјава ТУКА).
Може да биде 30 години независнот. 30 години Северна Македнија – не !!!
Графичкиот пресек на знамето е врв 🙁
👉Да се повлече логото “МК 30 години Северна Македонија ” !!!
п.с.немам проблем со името, гласав на референдум, но логото е искривување на историјата, лажна асоцијација pic.twitter.com/hulUFvIY8K— Bobi Hristov (@bobihrist) July 14, 2021