Двајца новинари се степаа во телевизиско студио, откако спореа жестоко за иднината на Сирија. Тоа се случи во етерот на јорданската телевизија. Учесниците во судирот прво ја скршија масата на која седеа заедно со презентерот.
До тепачката дојде откако едниот новинар го обвини другиот дека поддржувајќи ја револуцијата против режимот во Сирија оди по лошиот пат. Другиот одговори дека неговиот колега се продава и зема пари, за да го брани Башар Асад.
Телевизијата засега не планира да подигне обвиненија против нив.