Еден новинар од „1ТВ“ телевизијата се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, објави телевизијата „Телма“.
Новинарите на „1ТВ“ се на принуден одмор до 15 август, а во средата беше емитувано последното издание на Централниот дневник.
Агенцијата за аудио визуелни услуги испитува дали има скриено сопствеништво, односно дали Бојан Јовановски кој е во притвор за случајот „Рекет’ е всушност и сопственик на Телевизијата.