Нови животни во Зоолошка

siberian_tiger_ppДва сибирски тигра наскоро ќе и прават друштво на бенгалската тигрица
во Зоолошката градина, а ќе се донесат и мајмуни, макаки и барбери, кои
ќе бидат сместени во сосема ново живеалиште, најави Жерар Баарс,
консултант на Европската асоцијација за зоолошки градини и аквариуми.


siberian_tigerДва сибирски тигра наскоро ќе и прават друштво на бенгалската тигрица во Зоолошката градина, а ќе се донесат и мајмуни, макаки и барбери, кои ќе бидат сместени во сосема ново живеалиште, најави Жерар Баарс, консултант на Европската асоцијација за зоолошки градини и аквариуми, на прес-конференцијата што се одржа вчера во Зоолошката градина.

Тој истакна дека за подновувањето со нови животни ќе се соработува со земји што можат да донираат животни за кои нашата зоолошка градина е подготвена да ги одгледува.

– Нема да има слонови, поларни мечки и пингвини. За жирафа размислуваме, но се уште е рано да се зборува. Иако изгледа како мирно животно, жирафата е сепак опасна, а тука засега не постојат луѓе што се доволно едуцирани да ја одгледуваат. Не очекувајте чуда и обидете се да размислувате реално, зашто станува збор за живи суштества – рече тој.

Новиот дом за мајмуните е речиси готов, а потоа ќе се градат живеалишта за рисовите, мечките и за тигрите. Елените се веќе сместени во новото живеалиште. Старата куќа во која живеат мајмуните ќе биде целосно урната, а кафезите ќе се искористат за новите градби. Ќе се вработат нови лица, кои ќе бидат стручно едуцирани за правилно одгледување на животните. Новите живеалишта за животни се градат со пари донирани од повеќе фирми.

Жерар Баарс објасни дека мајмунот Коко, кој има проблеми со дружењето со другите единки, во септември ќе биде однесен во Холандија и ќе се работи на негова ресоцијализација.

– За неколку години ќе донесеме и нови шимпанза, а можеби и Коко ќе биде меѓу нив, но не можам ништо да ветам. Среќен сум што овојпат е направен колективен план за Зоолошката и знам дека минатото нема да се повтори – додаде тој.

виа.

- Реклама -