Нови турбуленции во сапуницата „Ријана и Крис Браун“

Што се случи за време на викендов меѓу Ријана и Крис?

Најпрвин, Крис престана да ја „следи“ Ријана на Твитер, и повторно ја заследи неговата поранешна девојка Каруше Трен. Веднаш после тоа, Ријана објави фотографии на кои разменува нежности со друго, непознато момче. Според пишувањата на славниот блогер, Перез Хилтон, овој пат виновна е Ријана која прва започнала да го „следи“ нејзиното поранешно момче Дрејк на „Инстаграм“, што му засметало на младиот пејач.

161404480_620x350

Познато е дека Дрејк и Крис не се во добри односи токму поради славната пејачка. Сите добро се сеќаваат на неодамнешната тепачка во еден ноќен клуб каде тие двајца се пресметаа откако Дрејк му пратил на Крис порака во која пишува дека „тој спие со љубовта на неговиот живот“.

Се уште е непознато дали Ријана само сака да го испровоцира Крис со фотографијата или конечно решила да продолжи понатаму и нашла ново момче во нејзиниот живот.

rihanna new man  twitter

- Реклама -