Нови цени на горивата од полноќ

Новата малопродажна цена на еуродизелот ќе изнесува 76 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 75 денари за литар, а еуросупер БС – 98 ќе изнесува  87,5 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), одлучи од ноќеска да има поевтинување на дел од горивата. За еден денар по литар поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а  цената на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар по литар.

Аргивска фотографија

Новата малопродажна цена на еуродизелот ќе изнесува 76 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 75 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе изнесува  87,5 денари за литар.

Цената на еуросупер БС-95 и понатаму ќе остане иста, односно 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која ќе изнесува 45,459 денари.

- Реклама -