Нови теории за движењето на диносаурусите

диносаурусиГермански научник го анализира прашањето за движењето на големи предатори диносауруси и тој вели дека животот како врвен предатор започнал на дното. Доктор Хајнрих Малисон, Експерт за движење на диносауруси, тврди дека големите предатори – како на пример Тираносаурус Рекс – користел можни мускули во задните екстремитети за „брзо одење“ преку куси растојанија за да го изненадат нивниот плен.

Модерното размислување за анатомијата на диносаурусите е дека големите видови се движеле бавно и не можеле да трчаат. Палеонтолозите веруваат дека Т-Рекс имал нозе кои не биле погодни за движење на толкава коскена структура со било што побрзо од лежерно одење. Помалите предатори, како велосирапторите кои станаа познати по филмот Јура Парк, биле доволно лесни и агилни за да го бркаат својот плен.

Но проучувањето на Т-Рексот, особено зглобовите на неговите нозе, ги навело експертите кон заклучок дека не можел да постигне или да одржи пристојно темпо. Исто така палеонтолозите користеле основна формула со децении, мерејќи го растојанието помеѓу фосилизираните стапки на диносаурусите. Чекорите на Т-Рексот се релативно мали, што посочува кон споро движење. Но доктор Малисон размислува малку поинаку.

Прочитајте и:  Во Германија уапсен тинејџер со турско потекло, планирал терористички напад на локалниот божиќен саем

Тој тврди дека структурата на задните екстремитети на диносаурусот е значително различна од оние на модерните цицачи и птици, што значи дека формулата за чекорите не е добар индикатор за тоа што диносаурусите навистина го можат. Доктор Малисон верува дека големите мускули на задникот на Т-Рексот – кои не се среќаваат кај модерните животни – би можеле да му овозможат да се движи со голема брзина преку куси растојанија.

Користејќи го истиот принцип како при брзото одење, неколку последователни мали но брзи чекори би им овозможило да ја достигнат својата цел. Доктор Малисон вели дека процесот би можел да биде повторуван, без оглед на слабите зглобови. За жал ова значи дека децении од проучување на движењето на диносаурусите би можело да биде невалидно. Доктор Малисон студирал геологија и палеонтологија на Тубинген Универзитетот во јужна Германија. [T Rex ‘power walked’ to hunt down prey thanks to superior muscles in his posterior]

- Реклама -