Во Нови Сад се уште трае протестот на граѓаните на кој се бара одговорност за падот на настрешницата на железничката станица во кој, на 1 ноември, загинаа 14 лица. Демонстрантите носат транспарентни на кои пишува „рацете ви се крвави“ и со боја на рацете оставаат траги на асфалтот пред железничката станица.
Протестот почна пред неколку часови и ќе трае до 18 часот. Блокирани се улиците пред железничката станица. Организаторите најавуваат дека протестите ќе се заоструваат зашто власта на владејчката СНС не реагира на барањата на граѓаните за утврдување на вистинската одговорност за настанот.
„Ова не е нормално. Ние сме луѓе на кои ова им е нормално и затоа се чувствуваме лошо, нормално е да се чувствуваме лошо, а не да го украсуваме градот за Нова година“,
изјави актерката и активистка Јелена Ступљанин.