Покрај барокните фасади и згради во Скопје наскоро ќе се издигнат и неколку футуристички објекти, пишува СкопјеИнфо.
Еве за што се работи.
Драмскиот театар во Скопје
Повеќенаменски стаклен објек со футуристички дизајн ќе биде новата зграда на Драмскиот театар во Скопје. Објектот ќе биде висок 30 метри, ќе има 6 ката, со подземна гаража.
Tелекомуникацискатa кула на Водно
Tелекомуникацискатa кула на Водно во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Овој футуристички објект ќе има и ротирачки ресторан од кој ќе се гледа панорама на Скопје. Кулата ќе биде висока 155 метри, а во неа ќе има и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР).
Новата Универзална сала
Новото идејно решение за изгледот на новата Универзална сала има јајцевидна форма, која според образложението на комисијата, како визура не е нова за скопскиот амбиент, но секако е во рамките на светскиот тренд и содржи специфики кои би биле македонски придонес кон оваа архитектонска тема.Новиот објект на Универзалната сала ќе има речиси двојно поголем капацитет од сегашната зграда – мултифункционалниот објект ќе поседува две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200-300 седишта.
Македонска филхармонија
Новиот објект на македонска филхармонија опфаќа мала и голема концертна сала, засебни простории за вежбање и работа на музичарите како и други простории.Големата концертна сала ќе може да прими од 1050 до 1100 посетители, а малата концертна сала ќе може да прими до 400 посетители.
Училиште во населбата Капиштец
Наместо барокна катна гаража во вредност од околу 3,78 милиони евра, општина Центар го гради ветеното училиште во населбата Капиштец.Училиштето ќе има капацитет до 500 ученици, распределени во 18 паралелки од 1 до 9 одделение.