Откако неодамна ни оставивте огромен број позитивни коментари на рецептот за енергетските коцки од само три состојки, овој пат ви прикажуваме нова, поинаква варијанта на овој здрав и вкусен десерт. Исто како и претходниот, така и овој се подготвува за само 3 до 5 минути. Процесот е речиси ист, но состојките се малку променети. Најважно е што вкусот е целосно различен, па доколку ги испробте и двете варијатни, напишете ни која повеќе ви се допаѓа. Во продолжение ви го прикажуваме новиот начин на подготовка:
Состојки:
– шолја индиски ореви
– малку поголема чаша со бадеми
– урми
– еден лимон
– екстракт од лимон
Подготовка:
1.Ставете ги јаткастите плодови и сувото овошје во блендер. Пред да започнете со мешањето, изрендајте од кората од лимонот и додадете ја.
2. Оставете ја машината за мелење да работи подолго, се додека не се добие еднолична, соединета смеса.
3. Додадете неколку капки екстракт од лимон, промешајте уште малку и готово е.
4. Смесата ставете ја во хартија за готвење, и рамномерно распределете ја по површината.
5. Оставете да отстои околу 3 часа во фрижидерот.
6. Откако ќе се стврдне смесата, исечете ја на четири или 8 рамномерни коцки. Завиткајте ги во фолија, и оставете ги во ладилникот.
Совет:
Доколку сакате можете да го исцедите лимонот и да го додадете сокот при мелењето. Вкусот ќе биде покиселкаст и свеж, и сигурно ќе им се допадне на љубителите на ова овошје.
Започнете го денот со домашно приготвените енергетски коцки!