iPhone 7 доаѓа со 3 GB RAM меморија и ќе биде водоотпорен.
Нормално, iPhone 6s и iPhone 6s Plus телефоните се практично уште нови бидејќи се пуштени на пазарот пред само неколку месеци, но гласините за претстојниот iPhone 7 модел се појавуваат секојдневно. Најновиот извештај за тоа што можеме да очекуваме од новиот iPhone телефон го донесе TrendForce.
Се верува дека две карактеристики ќе ја истакнуваат следната генерација на iPhone телефоните: 3 GB RAM меморија и водоотпорност. Ова би требало да бидат карактеристики кои ќе ги дефинираат новите паметни телефони, но исто така можно е таа количина на RAM меморија да ја има само iPhone 7 Plus. Од друга страна, двата модели би требало да се водоотпорни, со што најпосле ќе ги задоволат хејтерите кои секогаш им го препишуваат овој недостаток. Водоотпорноста е нешто што е вообичаено во Android светот, особено кај телефоните на Sony. Истиот извор повторува дека ќе видиме 4 инчен телефон како и тоа дека новиот iPhone 7 ќе биде откриен во втората половина од следната година, како и секогаш.