„ТАВ Македонија“ денеска го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје – Турку и Ларнака.
На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево беше пречекан првиот лет на новата директна авиолинија на „Виз ер“ од Турку, град на југозападниот брег на Финска. Со време на поаѓање 06 часот, а време на пристигнување од аеродромот Турку во 12 часот и 55 минути, оваа директна авиолинија ќе сообраќа во текот на целата година, два пати во неделата, односно, секоја среда и недела.
Втората нова дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, што исто така почнува да сообраќа од денеска, е Ларнака, град на јужниот брег на Кипар и главен град на истоимената област. Првиот лет од Скопје до Ларнака денеска беше во 13.50 часот. Оваа редовна авиолинија на „Виз ер“ ќе сообраќа секоја среда и недела, со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром Скопје во 13.50 часот, а време на пристигнување од Аеродромот Ларнака во 19.05 часот.