На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ и денеска продолжи објавувањето на снимени телефонски разговори меѓу (наводно) носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборнат единица 3 – Игор Јанушев, и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. И овие аудио парчиња, се чини, не се снимени од физичко присутно лице, туку се производ на нелегално прислушување.
Во новите пет аудио парчиња, Јанушев и Јанакиески договараат чартер летови за стотици патници, кои, како што се извлекува заклучок, треба да дојдат во недела наутро, а да си заминат во недела попладне. На моменти разговорот е дури и нервозен, бидејќи има недоразбирање околу бројката на патници (се спомнуваат над 300), но и цените.
Во едно од парчињата, Јанушев го известува Јанакиески дека вкупната цена ќе чини 190 илјади евра, а овој му вели Јанушев да побара фирмата „Бетон“ да ја плати цената.
Во друго од парчињата, двајцата зборуваат за извесни документи, а Јанушев го уверува Јанакиески дека сѐ е средено и дека ќе бидат уништени.
Снимките можете да ги чуете ТУКА.