Научниците предлагаа „Ноева арка“ на Месечината со цел сочувување на ДНК од загрозените видови. Овој трезор би се се потпирал на растојанието од катастрофите предизвикани од човекот и ниските температури на Месечината за криогенски да се зачуваат примероците.
Вознемирени од растечкиот број на видови кои се соочуваат со изумирање на Земјата, група научници веруваат дека одговорот лежи во изградба на голем замрзнувач на животинските ДНК на Месечината. Предлогот е на тим од САД, во кој работи и Мери Хагедорн, научничка во Националната зоолошка градина Смитсонијан и Институтот на биологијата за зачувување.
Таа и претходно учествувала во проекти за зачувување на загрозените врсти на корали со криопрезервација.
Сега, таа сака да искористи слична технологија за поамбициозен проект – изградба на „Ноева арка“ на Месечината, која може да се користи за повторно населување на исчезнати видови на Земјата или други планети со клонирање.
Месечианта како локација има најмногу смисла, поради нејзината оддалеченост од катастрофите кои може да ги предизвика човекот на Земјата и поради нејзините природно ниски температури, кои може да го олеснат процесот на замрзнување.
„Вакво биоскладиште би го заштитил биодиверзитетот и би делувал како заштита од неговото губење поради природни катастрофи, климатски промени, пренаселеност, исцрпување на ресурси, војни, социоекономски закани и други причини на Земјата“ велат истражувачите.
Планот бара со текот на времето да се изгради банка на криогенски замрзнти животински кожи и ткива, кои на крајот ќе се прошират и на билките. Ќе биде потребен широк спектар на приомероци од флората и фауната и сите би играле улога во изградбата на одржлив екосистем прилагоден на луѓето за време на вселенски лет, на друга планета или назад на земјата“ објаснуваат истражувачите.
Тие признаваат дека за овој амбициозен проект ќе треба да се изгради банка која ќе може да ги штити примероците од радијација, како и да се пронајде метод за транспорт кој ќе биде безбеден. Исто така, треба да се истражува како долгото изложување на микрогравитацијата ќе има на примероците.
Според истражувачите, ваквата „Ноева арка“ би се градела со децении и бара соработка од сите држави.
Друг предизвик се трошоците. Групата на истражувачи не ги анализирала цените, освен што нагласиле дека на скала од еден до пет, каде што еден е најевтино, а пет најскап проект, изградбата на овој објект на Земјата би бил еден, додека на Месечината би бил пет. Од друга страна, трошоците за одржување на складиштето на Земјата би чинело пет, додека на Месечината два.
Ова не е прв пат научниците да ја користат Месечината како можниост за спас на загрозените видови на Земјата. Во 2021 година, тим истражувачи од Универзитетот во Аризона предложија изградба на „Ковчег“ за чување на семе, јајца, семени течности и ДНК. Во разгледувањето на локацијата каде би можел да да се изгради таков објект, за кој би требало соларна енергија, новиот предлог има посигурен дизајн, бидејќи би ги користел ладните температури на Месечината со цел да се намалат трошоците за одржување.
Дел од јужниот пол на Месечината има стабилна температура која никогаш не се качува над -196 степени Целзиусови, што би го олеснило криогеното зачувување на материјалите.
Во моментов, примероци од преку 1,3 милиони живи организми се чуваат во „Трезорот на Судниот ден“ во Норвешка, како заштита од природни и вештачки несреќи.
Извор: РТС