На специјалниот настан во Лос Анџелес Blizzard Entertainment го претставија новиот трејлер на играта World of Warcraft – Warlords of Draenor.
Последната верзија на бестселерот ќе излезе на 13ти Ноември 2014 година.
Продолжението на играта не води на нов континент, каде ликовите ќе станат по силни, а играчите ќе можат да создаваат свои сопствени тврдини. Во новата верзија има подобрена графика и анимации кои се користат за ликовите во играта. Играчите ќе имаат можност лесно и брзо да го достигнат 90-тото ниво, за да можат побрзо да се запознаат со новитетите во играта.
Во ноември, компанијата и обожавателите на играта ќе слават 20 години од појавата на Warcraft и 10 години од појавата на World of Warcraft. Во текот на годините оваа игра стана една од најпопуларните изданија во светот на гејмингот, а освен самата игра, обожавателите можат да купуваат и друштвени игри, детски играчки, книги и што ли уште не.
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.