Новата Honda Civic доаѓа во Европа во 2017

Филип Рос, постар заменик претседател на Honda Motor Europe, најави дека новата 10-та генерација на бестселерот на брендот, моделот Civic ќе биде лансирана во Европа во почетокот на 2017 година.


Паралелно со ова, Рос додаде дека инвестициите на Honda во нови модели и производствени можности продолжуваат, всушност тие ја покажуваат намерата на брендот да работи што понапорно, за остварување на европска продажба од 200.000 возила годишно.


-Уверени сме дека оваа палета ќе ги задоволи и зарадува нашите сегашни клиенти и ќе ни донесе многу нови. Поголема гама и квалитет на нашите производи секако ќе донесе и повеќе купувачи, коментира Филип Рос.

Друга интересна подробност, која ја потенцираше Рос за новата генерација на Civic е дека петврататната верзија ќе се произведува исклучиво во фабриката на брендот во Велика Британија. За да се постигне ова, во комплексот биле инвестирани нови 270 милиони евра, кој резултираа вкупната инвестиција во фабриката да достигне до 3 милијарди евра од 1985 година па наваму.

- Реклама -