Новата генерација на Kia Carnival

Компанијата Kia понуди официјални информации и фотографии за новата генерација на миниванот Carnival, кој на некои пазари се продава под името Sedona. Дебито на моделот ќе се одржи на салонот во Њујорк.

Миниванот е изграден на нова платформа, која е изградена 76% од челик. Од Kia велат дека конструкцијата има за 36% поголема цврстина во споредба со онаа на конкурентите од сегментот. Меѓуоскиното растојание на новата Kia се зголемило за 40 mm (до 3.062 mm) , но точните димензии на моделот не се соопштуваат. Автомобилот e со поголема внатрешност, а ќе се нуди како со 7, така и со 8 места. Претставникот на брендот има подобрена звучна изолација, а намалени се и вибрациите.

Новиот модел ќе се нуди со 3.3-литарски мотор со 6 цилиндри, со технологија за директно вбризгување на горивото. Неговата моќ е 276 КЅ, а максималниот вртежен момент достигнува 336 Nm. Тој го менува досегашниот 3,5-литарски агрегат, а ќе работи заедно со 6-брзински автоматски менувач.

Во опремата на миниванот влегува нов мултимедијален систем UVO, систем за следење во мртов агол, систем за предупредување при опасност од челен удар, систем за видео надзор на сите старани, како и адаптивен круз-контрол. Сите детали за моделот ќе станат јасни следната недела.


- Реклама -