Новата фотосесија на Бијонсе за „Gentlewoman“

article-0-17A1BD2F000005DC-896_634x722

Бијонсе ја краси најновата насловна страница на светски познатиот таблоид „Gentlewoman“.

Во новата фотосесија пејачката ја истакна нејзината префинетост и женственост, како и убавата и истенчена фигура, и нејзиното прекрасно и чисто лице.

Додека Алесдер МекЛелан ги правеше фотографиите, пејачката говореше за тоа како жените треба и мораат да бидат посилни. Според Бијонсе, во светот постојат многу повеќе моќни мажи одошто жени, заклучувајќи дека тој недостаток мора да се промени. Таа ја посочи воедно и првата дама на Америка, и воедно нејзина добра пријателка, Мишел Обама, како одличен пример за девојките ширум светот.

- Реклама -