Од ASUS деновиве претставија нов десктоп компјутер кој го носи името ET2301. Моделот, кој работи со оперативниот систем Windows 8, е наменет за работа со мултимедијни апликации и програми, а на прв поглед неговата најкарактеристична особина е можноста да се навалува.
23-инчниот моноблок работи со сензорен IPS екран со Full HD резолуција. Неговиот квалитетен екран дава можност да преглед по хоризонтала и вертикала, а неговиот држач дозволува да се навалува до 90 степена хоризонтално.
Карактеристиките на компјутерот вклучуваат Intel Core i5/i7 процесор од најновата генерација, графичен акцелератор NVIDIA GeForce GT 740M, аудио систем и звучници ASUS SonicMaster Premium, Wi-Fi и LAN како и Thunderbolt и USB 3.0 портови.
Засега не се знае кога точно ќе започне продажбата на овие уреди и каква ќе биде нивната цена.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk