Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ секојдневно не изненадува со своите таленти за кои се уште не знаеме дека ги поседува.
Најпрво го видовме дека знае добро да имитира, потоа да пее, дознавме дека одлично свири некои инструменти, дека не му е непознат томачниот танц, а сега покажа дека е вешт и во балетот.
Тој на својата официјална Фејсбук страница објави фотографија на која со својата сопруга Јелена игра балет, и за многу брзо време доби над 166.000 „лајкови“, 1500 коментари и 1100 споделувања.
„Балет со мојата сопруга“, кратко напишал првиот рекет на светот.