Новак се фалел со слика од Стефан на прославата и бил пресладок!

Првата вечер по пристигнувањето во Париз, Ноле ги однел на вечера пријателите од светот на тенисот да наздрават во чест на неговиот новороден наследник, Стефан.
На интимната прослава присуствувал и Ненад Зимониќ.

Веселото друштво во еден екслузивен ресторан со најскапото вино наздравувале за новородениот син на Новак. Гордиот татко на пријателите им покажал слика од Стефан на својот мобилен телефон.

„Ја видов сликата во телефонот на Ноле и можам да ви кажам дека синот му е пресладок“, рекол Зимониќ за српскиот портал Блиц.

Сега уште понестрпливи сме да ја видиме првата фотографија на малиот Стефан.

- Реклама -