Волво дизајнираше нов ултра-рефлективен спреј кој има за цел да ја зголеми безбедноста на велосипедистите на улиците.
Шведскиот производител на автомобили, во соработка со Grey London и Albedo100, го креираше LifePaint – лесно отстранлива формула што трае 10 дена и е комплетно невидлива се додека не се судри со сноп светлина. А тогаш, рефлектира силна бела светлина која едноставно не можете да не ја видите. Принципот е сличен на оној на кој работи „мачкиното око“.
Од Волво велат дека рефлективниот спреј е дел од новиот стремеж на компанијата во областа на подобрување на безбедноста на возењето велосипед.
„Ние во Волво веруваме дека најдобриот начин да преживеете судар е да не дојде до судар, и сме посветени на тоа да ги направиме патиштата побезбедно место, редуцирајќи го бројот на несреќи“.
Инаку, LifePaint може да биде нанесен на било каква површина – облека, кацига, ранец, а и на самиот велосипед.
За сега е достапен само во неколку продавници во Кент и Лондон, но ако кампањата се покаже како успешна, LifePaint ќе стане достапен и на интернационално ниво.