Нова теорија за познатата слика: Мона Лиза била мајката на Да Винчи?!

Се верува дека татко му на Да Винчи бил нотар, а мајка му била робинка на еден богат клиент, по име Катарина, и се преселила во близина на Фиренца во 1452 година. Откако се породила и се изгубила секоја трага.

Итралијанскиот историчар Анџело Паратико, разви нова теорија дека мајката на Леонардо да Винчи била кинеска робинка чиј портрет е токму славната Мона Лиза.

Но, Паратико не е првата личност која тврди дека славната слика всушност е портрет на мајката на Да Винчи.

Паратико ги поминал последните 20 години во Хонг Конг, каде се занимавал со истражување на врските меѓу Италија и Кина, настанати во последните 500 години.

Во својата книга “Leonardo da Vinci: A Chinese scholar lost in Renaissance Italy”, која ќе биде објавена идната година, Паратико тврди дека постои силна врска меѓу Да Винчи и Далечниот Исток.

“Сега сум сосема сигурен дека мајката на Леонардо била родена на Истокот. Еден од богатите клиенти на таткото на Леонардо имал робинка која се викала Катерина.

3694927599_039309b2e6_o

После 1452 година и датумот на раѓање на Леонардо, нејзиното име повеќе не се споменува во ниту еден документ на тој човек. Престанала да работи таму”, вели Паратико.

Таткото на Да Винчи бил судски записничар, а досега се веруваше дека неговата мајка се викала Катерина, која според некои извештаи била локална селска девојка, но Паратико смета дека таа била робинка.

“За време на ренесансата, земјите како Италија и Шпанија биле преполни со робови од Ориенталните земји”, додава историчарот кој исто така тврди дека многу аспекти од животот на Да Винчи упатуваат на тоа дека е потомок на жена од Ориентот.

“Тој бил вегетаријанец што во тоа време било доста невообичаено. Мона Лиза е најверојатно портрет на неговата мајка како што тврдеше и Сигмунд Фројд во 1910 година.

Пејсажот на сликата на Мона Лиза изгледа како кинески и дури и нејзиното лице изгледа како да е Кинескиња”, тврди Паратико кој единствено решение гледа во ДНК анализата, со која би требало да се тестираат посмртните останки на роднините на Да Винчи во Фиренца.

- Реклама -